← Back to Partners

Факултет за електротехника и информациски технологии – Скопје

Почесен
Нашата стратешка посветеност е понатамошно да се развиваме како водечка образовна и истражувачка институција во Република Македонија во областа на електротехниката и новите технологии. Со обезбедување на трајна и континуирана технолошка иновација, квалитет и креативност во наставните програми, овозможуваме постојана едукација на стручни, креативни и претприемачки поединци, кои ќе работат успешно во својата професионална определба и ќе создаваат нови работни места, ќе афирмираат нови можности и ќе откриваат нови хоризонти. Нашата образовна мисија ја реализираме преку додипломски и постдипломски студии, преку развивање интензивна комуникација со студентите, Универзитетот и сродни институции ширум светот, како и со бизнис-секторот и индустријата. Постигнувајќи траен успех во научно-истражувачката дејност на национално и меѓународно ниво, нашата истражувачка мисија ја остваруваме преку докторски трудови и преку бројни меѓународни заеднички научни проекти. Со создавање услови за трансфер на знаење и технологија, обезбедуваме значајна поддршка за технолошки и економски одржлив развој на нашата индустрија.

Contact

contact@feit.ukim.edu.mk