Политика за приватност

1. Вовед

https://finelevate360.com/ е домен на компанијата Финелевате ДООЕЛ Скопје. Еден од нашите главни принципи е усогласеност со позитивните прописи кои засегаат во дејноста што ја вршиме и услугите што ги обезбедуваме. Оттука, ние сме целосно посветени да обезбедиме заштита и на личните податоци кои ги обработуваме.

Од таа причина, во оваа Политика за приватност (во натамошниот текст: Политиката) преку одговори на неколку конкретни прашања ги објаснуваме клучните аспекти во однос на обработката на личните податоци која би можеле да ја правиме.

Замолуваме истата да ја прочитате, како и нашата Политика за колачиња, пред да пристапите кон користење на веб страницата или пред да се претплатите на нашиот билтен „Digital Compliance Radar“.

Во оваа Политика, контролорот може да биде означен како: „Компанијата“, „ние“, „нас“ или „нашата“.

2. Што се лични податоци?

Личните податоци се дефинирани со Законот за заштита на личните податоци. Оттука, согласно член 4 став (1) точка 1 е определено дека:

„Личен податок“ е секоја информација која се однесува на идентификувано физичко лице или физичко лице кое може да се идентификува (субјект на лични податоци), а физичко лице кое може да се идентификува е лице чиј идентитет може да се утврди директно или индиректно, посебно врз основа на идентификатор како што се име и презиме, матичен број на граѓанинот, податоци за локација, идентификатор преку интернет, или врз основа на едно или повеќе обележја специфични за неговиот физички, физиолошки, генетски, ментален, економски, културен или социјален идентитет на тоа физичко лице.

3. Што е контролор на лични податоци?

Контролорот на лични податоци е исто така определен со Законот за заштита на личните податоци. Согласно член 4 став (1) точка 7, контролорот е дефиниран како:

„Контролор“ е физичко или правно лице, орган на државната власт, државен орган или правно лице основано од државата за вршење на јавни овластувања, агенција или друго тело, кое самостојно или заедно со други ги утврдува целите и начинот на обработка на личните податоци, а кога целите и начинот на обработка на личните податоци се утврдени со закон, со истиот закон се определуваат контролорот или посебните критериуми за негово определување.

4. Кој е контролор на личните податоци?

Друштво за консалтинг, маркетинг и услуги ФИНЕЛЕВАТЕ ДООЕЛ Скопје

Седиште на бул. АСНОМ бр.8/3-24, 1000 Скопје, Република Северна Македонија.

e-mail: info@finelevate360.com

5. Кој е правниот основ за обработка?

Обработката на личните податоци ја вршиме врз основа на:

  • согласност на субјектот на личните податоци,
  • преземање активности по барање на субјектот пред претплата на нашиот билтен „Digital Compliance Radar“,
  • исполнување законска обврска;
  • за обезбедување сигурност и правилно функционирање на веб-страницата.

6. Кои се целите на обработката?

Личните податоци се обработуваат за следните цели:

  • одговарање на прашања и барања испратени од посетителите на веб страницата;
  • обезбедување и одржување на функционалноста на веб-страницата;
  • заштита на веб-страницата од злоупотреби и безбедносни ризици;
  • подобрување на корисничкото искуство;
  • исполнување на законски обврски.

 

7. Кои податоци може да ги обработуваме?

При посетата и користењето на нашата веб страница може да се обработуваат податоци што доброволно ќе ги доставите, со што се смета дека сте ја прочитале оваа Политика и дека сте согласни со обработката. Дополнително, може да бидат обработени технички податоци, а доколку сте претплатник на нашиот билтен, може да бидат обработени и лични податоци за претплатници. Оттука, подателното појаснување за сите податоци е следното:

7.1 Податоци што доброволно ги доставувате преку контакт форма

Овие податоци може да ги доставите доколку не контактирате преку контакт формата на нашата веб страница:

  • име;
  • електронска адреса;
  • содржина на Вашата порака;
  • други информации што доброволно ќе ги доставите.

Доколку не контактирате со цел да станете наш партнер, тогаш не контактирате во името на компанијата со која имате деловеен однос. Личните податоци за таа контакт форма се:

  • име и презиме;
  • електронска адреса;
  • компанија;
  • работна позиција;
  • телефонски број;
  • содржина на Вашата порака;
  • други информации што доброволно ќе ги доставите.

Доколку не контактирате на нашиот e-mail, може да доставите и други лични податоци, кои не ни се потребни. Во ваков случај, се смета дека сте дале согласност за обработка на личните податоци кои сте ни ги испратиле. Овие лични податоци ќе бидат обработени на ист начин како и другите лични податоци за кои се однесува оваа Политика.

7.2 Податоци што доброволно ги доставувате за претплата на „Digital Compliance Radar“

Доколку не контактирате со цел да станете претплатник на нашиот билтен, тогаш личните податоци кои ги обработуваме се:

  • име и презиме;
  • електронска адреса;
  • компанија;
  • работна позиција.

7.3 Технички податоци

При посета на нашата веб-страница автоматски може да се обработуваат:

  • IP адреса;
  • тип и верзија на интернет-прелистувач;
  • оперативен систем;
  • датум и време на пристап;
  • информации за користење на веб-страницата;
  • поставки за јазик.

8. Чии податоци собираме?

Контролорот ги собира податоците на посетителите на веб страницата и на претплатниците на „Digital Compliance Radar“.

Вообичаено собираме податоци за навигација кои се користат за анализирањето на податоците од посетите на нашата веб-страница, вклучително и за одржување на информациска сигурност на веб-страницата.

За да може да го дистрибуираме до корисниците нашиот билтен, ги користиме податоците оставени за претплата на билтенот.

9. Како ги собираме личните податоци?

Личните податоци ги собираме:

– преку посета на нашата веб-страница finelevate360.com,

– кога не контактирате преку контакт формата,

– кога пополнувате барање за претплата на Digital Compliance Radar и

– ако оставите личен податок кога ќе пратите e-mail на info@finelevate360.com

10. Дали и како вршиме пренос на податоци кон трети страни?

Компанијата не продава, не изнајмува и не открива лични податоци на трети лица, освен:

  • кога тоа е потребно за обезбедување на функционалностите на веб-страницата;
  • кога е предвидено со закон;
  • кога е неопходно за заштита на правата и легитимните интереси на Компанијата.

Во рамките на работењето на веб-страницата може да се користат услуги обезбедени од Google LLC (Google Fonts, Google reCAPTCHA и сродни услуги).

11. Што е, дали и зошто користиме Google reCAPTCHA?

reCAPTCHA е бесплатен сервис обезбеден од Google, кој ги штити веб- страниците од спамови и автоматизирани злоупотреби.

Оттука, нашата веб-страницата користи Google reCAPTCHA за заштита од автоматизирани злоупотреби, спам и злонамерни активности.

При користење на reCAPTCHA може да се обработуваат технички податоци како IP адреса, информации за уредот, интернет-прелистувачот и интеракциите со веб-страницата. Овие податоци ги обработува Google согласно неговите политики за приватност.

Со користење на веб-страницата, корисникот прифаќа дека Google може да обработува податоци за целите на обезбедување на услугата reCAPTCHA.

12. Кои се мерките за безбедност на податоците?

Веб-страницата користи HTTPS/SSL енкрипција за заштита на комуникацијата помеѓу корисниците и серверот.

Сите HTTP барања автоматски се пренасочуваат кон HTTPS верзијата на веб-страницата, со што се обезбедува доверливост и интегритет на податоците што се пренесуваат.

Ова е една од техничките мерки за заштита на личните податоци од неовластен пристап, губење, злоупотреба или измена.

13. Кој е рокот на чување?

Личните податоци се чуваат само онолку долго колку што е потребно за исполнување на целите за кои се собрани или согласно законските обврски.

14. Кои се правата на субјектите на личните податоци?

Согласно Законот за заштита на личните податоци, корисниците имаат права кои може да ги остварат преку комуникација со Компанијата, а секако имаат и права кои може да ги остварат пред надлежниот супервизор- Агенцијата за заштита на личните податоци.

Оттука, имате право:

  • на пристап до Вашите лични податоци;
  • на исправка на неточни податоци;
  • на бришење на податоците;
  • на ограничување на обработката;
  • на приговор на обработката;
  • да ја повлечете дадената согласност во секое време.

Барањата може да ги доставите на: info@finelevate360.com.

Ако сметате дека Финелевате ДООЕЛ Скопје преку начинот на обработка на личните податоци ги повредува правата Вашите права определени со закон, можете да поднесете барање до Агенцијата за заштита на личните податоци како надлежен супервизор. Барањето може да се поднесе согласно јавно објавените насоки од супервизорот, достапни на нивната веб-страница.

15. Кога и како правиме измени на политиката за приватност?

Во случај на промени во позитивните законски прописи или промена на начинот на обработката на личните податоци, Компанијата ќе направи измени на оваа Политика.

Компанијата го задржува правото периодично да ја ажурира оваа Политика за приватност. Секоја измена ќе биде објавена на веб-страницата со назначен датум на последна ревизија.

 

Верзија 1.0.

5 Jули 2026 година