01
Кои сме ние
Трансформацијата бара повеќе од стратегија.
Таа бара правилни одлуки, вистински луѓе и искусно лидерство низ целата реализација.
Finelevate е компанија за стратешки консалтинг која ги поддржува организациите од почетната процена и стратешкото насочување, преку изборот на технологија и партнери за имплементација, до управувањето со програмите и нивната реализација.
Ги поврзуваме деловните цели, технологијата, регулативата и реализацијата, за трансформациските програми да останат насочени кон мерливи резултати — а не само кон изработка на планови, извештаи и активности.
02
Експертиза
Интегрирана експертиза за сложени трансформации.
Нашата работа е насочена кон четири области што сè повеќе ја определуваат иднината на финансискиот сектор.
Дигитален идентитет, доверливи услуги и дигитален онбординг
Дигитален идентитет, eKYC, далечинско воспоставување деловен однос, електронски потписи, доверливи услуги, eIDAS, интероперабилност и европскиот екосистем за дигитален идентитет.
Вештачка интелигенција, податоци и интелигентна автоматизација
Стратегија за вештачка интелигенција и податоци, приоритизација на случаи на употреба, управување со податоци, интелигентни податочни платформи, одговорна примена на ВИ и автоматизација насочена кон мерлива деловна вредност.
Сајбер-безбедност, регулатива и усогласеност
Стратегија за сајбер-безбедност, оперативна отпорност, технолошки ризик, заштита на податоците, GDPR и подготвеност за новите европски регулаторни барања.
Дигитална стратегија и управување со трансформации
Процена на дигиталната зрелост, стратегија за трансформација, применливи патокази, оперативни модели, управување со програми, лидерство во реализацијата и остварување на планираните придобивки.
03
Како работиме
Внимателно избран тим.
Никогаш само база на ресурси.
Секој ангажман го градиме околу конкретниот предизвик на клиентот.
Finelevate обединува фокусиран постојан тим и внимателно избрана мрежа на искусни експерти кои успешно реализирале сложени трансформациски иницијативи со мерливи резултати.
Клиентите работат директно со искусни професионалци кои ги разбираат стратешкото одлучување, технологијата, регулативата, деловната анализа и реалните предизвици на имплементацијата.
Независност
Препораки засновани на докази и целосно усогласени со целите на клиентот.
Искуство
Искусни експерти со директно искуство во трансформација и реализација.
Фокус на резултати
Успехот го мериме преку создадената вредност и постигнатите резултати — не преку обемот на испорачаните материјали.
04
Нашата перспектива
Регионално разбирање. Европска перспектива.
Го комбинираме познавањето на пазарите во Југоисточна Европа со експертиза и партнерства од поширокиот европски екосистем.
Тоа му овозможува на Finelevate да ги претвори меѓународните трендови, регулативата и докажаните практики во решенија приспособени на оперативната реалност на секој пазар.
Одржуваме транспарентни стратешки односи со избрани технолошки компании и даватели на професионални услуги. Овие партнерства ги прошируваат нашето знаење и капацитетот за реализација, без да ја нарушат независноста на нашите препораки.
Нашата советодавна работа е поддржана од истражувањата на Finelevate, Дигиталните мапи, индустриските иницијативи и Finelevate Digital Summit — преку кои создаваме релевантно пазарно знаење и ги поврзуваме луѓето што ја обликуваат иднината на финансискиот сектор.
Независни сознанија.
Искусни луѓе.
Мерливи резултати.