Политика за колачиња

Вовед

Друштво за консалтинг, маркетинг и услуги ФИНЕЛЕВАТЕ ДООЕЛ Скопје (во понатамошниот текст: „ФИНЕЛЕВАТЕ“, „ние“, „Компанијата“ или „Контролорот“) ја почитува приватноста на посетителите на веб-страницата www.finelevate360.com и обезбедува транспарентност во однос на технологиите што се користат при нејзиното функционирање.

Оваа Политика за користење на колачиња објаснува:

  • што се колачиња;
  • кои видови колачиња ги користиме;
  • за кои цели се користат;
  • колку долго се чуваат;
  • како можете да управувате со нив.

Објаснувањето на колачињата е дадено преку конкретни одговори на неколку значајни прашања.
Оваа Политика треба да се чита заедно со Политиката за приватност на ФИНЕЛЕВАТЕ.

1. Што се колачиња?

Колачињата (cookies) се мали текстуални датотеки кои веб-страницата ги зачувува на Вашиот компјутер, таблет или мобилен уред при нејзино користење. Колачињата не можат да стартуваат програми, да инсталираат софтвер или да пренесуваат вируси. Тие служат за правилно функционирање на веб-страницата, запомнување одредени поставки и побезбедно и поефикасно користење.

Во зависност од времетраењето, колачињата можат да бидат:

  • сесиски колачиња, кои автоматски се бришат по затворањето на интернет-прелистувачот; и
  • трајни или постојани колачиња, кои остануваат зачувани одреден временски период или додека корисникот не ги избрише.

2. Кои видови колачиња ги користиме?

Веб-страницата www.finelevate360.com користи ограничен број колачиња кои се неопходни за нејзиното функционирање и безбедност.
Веб-страницата користи свои колачиња (first-party cookies) и колачиња од трети страни (third-party cookies).

Видовите колачиња што ги користиме се: неопходни колачиња, безбедносни колачиња, локално складирање и колачиња од трети страни.

Неопходни колачиња

Овие колачиња се неопходни за правилно функционирање на веб-страницата и не можат да се исклучат.

Безбедносни колачиња

Ова колаче е поставено од Google reCAPTCHA и се користи за заштита на веб-страницата.

Локално складирање (Local Storage)

Колачиња и услуги од трети страни

При користење на веб-страницата може да се воспостави комуникација со следните услуги од трети страни:

  • Google Fonts;
  • Google reCAPTCHA;
  • Google Static Content (gstatic.com).

Овие услуги може да обработуваат одредени технички податоци во согласност со политиките за приватност на Google.

3. Кои функционални технологии ги користиме?

Веб-страницата користи:

  • Google Fonts за правилен приказ на фонтовите;
  • Google Static Content (gstatic.com) за испорака на статички содржини поврзани со услугите на Google.

Овие технологии не се користат за рекламирање или профилирање на посетителите.

4. Како ја добиваме Вашата согласност?

При првата посета на веб-страницата Ви се прикажува банер за колачиња преку платформата CookieYes, преку кој можете:

  • да ги прифатите сите колачиња;
  • да ги одбиете сите колачиња, освен неопходните;
  • да ги приспособите поставките според категориите на колачиња.

Вашиот избор се зачувува за период од 365 дена или до негово изменување.

Неопходните и безбедносните колачиња се поставуваат затоа што се потребни за функционирањето и заштитата на веб-страницата.

5. Како можете да управувате со колачињата?

Во секое време можете:

  • повторно да ги измените поставките преку алатката за управување со колачиња на веб-страницата;
  • да ги избришете веќе зачуваните колачиња преку поставките на Вашиот интернет-прелистувач;
  • да го конфигурирате прелистувачот автоматски да одбива одредени или сите колачиња.

Ограничувањето или бришењето на неопходните колачиња може да влијае врз правилното функционирање на одделни функционалности на веб-страницата.

6. Измени на Политиката

ФИНЕЛЕВАТЕ може да ја измени оваа Политика за колачиња поради:

  • законски измени;
  • воведување нови функционалности;
  • промени во технологиите што се користат на веб-страницата;
  • подобрување на транспарентноста кон посетителите.

Секоја измена ќе биде објавена на оваа страница со назначување на датумот на последната ревизија.

Верзија 1.0
5 јули 2026 година

Честитки!

Успешно ја прочитавте Политиката за колачиња до самиот крај.
Вие сте дел од ексклузивниот клуб на луѓе што ги читаат условите пред да кликнат „Прифаќам сè“.

За награда, Ви доделуваме виртуелно колаче, кое не се складира. 🍪