← Back to Partners

InTec System

ПЛАТИНУМ

Основана во 2002 година, InTec System обезбедува најсовремена ИТ опрема и решенија во Македонија и регионот, од водечки светски ИТ компании. Целта на InTec System е да дистрибуира, имплементира и интегрира исклучиво врвни брендови од А-категорија во ИТ индустријата, поддржани со сигурна и квалитетна сервисна поддршка, со што односите со нашите клиенти ги издигнуваме на ниво на вистинско партнерство.

Во InTec System тесно соработуваме со нашите клиенти, обединувајќи деловни сознанија, долгогодишно искуство и технологија, за да им обезбедиме јасна предност во денешното деловно опкружување кое брзо се менува. Преку интегриран пристап кон решавањето проблеми, дизајнирањето решенија и нивната реализација, им помагаме на клиентите своите стратегии да ги претворат во конкретни активности.Со повеќе од 20 години искуство, нашата мисија е да им помогнеме на клиентите навреме да ги предвидат промените и да ги искористат новите можности. Резултатот од тоа искуство и знаење е нашата репутација на доверлив советник, експерт и добавувач во широк спектар деловни области и области од информатичката технологија.