
Finelevate со задоволство објавува дека Nextsense се приклучува кон поддршката на годишната програма како Gold партнер.
Со портфолио на решенија градено во изминатите 25 години, Nextsense развива напредни технологии кои овозможуваат целосна дигитална трансформација на банките и финансиските институции. Преку имплементација на веќе докажани решенија во банкарскиот сектор – како иновативни платформи за онлајн банкарство што овозможуваат отворање сметки и целосен дигитален onboarding од далечина – компанијата обезбедува сеопфатна дигитализација, од дигитален идентитет до безбедно електронско потпишување и управување со корпоративни документи.
Посебен доказ за иновативниот капацитет на компанијата е Nextsense Remote QSCD Signature Activation Module (SAM) 3.4 for Thales® Luna HSM, високобезбедно решение за креирање квалификувани електронски потписи на далечина (QES) и клучна компонента за изградба на EU Digital Identity Wallet, сертифицирано според Common Criteria EN 419 241-2 стандардот и објавено на EU Trust List (rQSCD) и евалуиран во рамките во институционален систем поврзан со EU Cybersecurity Act – Регулатива (ЕУ) 2019/881.
NS SAM е само едно од напредните решенија што Nextsense ги развива низ годините. Тој претставува природна еволуција на капацитетите, експертизата и стратегијата на компанијата за создавање производи што не само што ги исполнуваат највисоките стандарди, туку поставуваат нови референтни вредности и се позиционираат како златен стандард во својата област.
Со вакви решенија, Nextsense ја надминува регионалната рамка и се позиционира како глобално релевантен развивач на технологии за дигитален идентитет, доверливи услуги и безбедно електронско потпишување.
Во рамките на партнерството, Nextsense ќе придонесува кон програмските активности, стручните содржини и дијалогот што го развива Finelevate, со посебен фокус на дигиталниот идентитет, доверливите услуги, безбедниот дигитален onboarding и развојот на целосно дигитални финансиски услуги.
Му благодариме на Nextsense за укажаната доверба и силната поддршка на програмата на Finelevate. Ова партнерство претставува значаен придонес кон нашата заедничка цел — создавање посилен екосистем за иновации и забрзување на дигиталната трансформација на финансискиот сектор.