← Back to Advisory Board

Васко Темелкоски

Васко Темелкоски е управител и основач на Интерцерт, независно сертификациско тело за системи за управување, со повеќе од петнаесет години професионално искуство во областа на стандардизацијата, сертификацијата и управувањето со квалитет. Тој е водечки проверувач за повеќе меѓународни ISO стандарди и признат експерт во областа на управување со квалитет, безбедноста на информации и управувањето со ризици. Темелкоски дипломирал на Ramapo College of New Jersey (САД), а има и постдипломски ЕМБА студии по менаџмент и претприемништво од Универзитетот Шефилд – City College Солун, како стипендист „Борис Трајковски“. Професионалната кариера ја градел во САД и Македонија, со работно искуство во компании како PricewaterhouseCoopers, Mellon Financial Corporation, Макител. Во 2015 година го основа Интерцерт, преку кој има спроведено проверки и сертификации на над 300 приватни компании и јавни институции во Македонија и во странство. Тој е Претседател на Техничкиот комитет за сертификациски тела при Институтот за акредитација на Република Северна Македонија, член на повеќе технички комитети при Институтот за стандардизација на Република Северна Македонија, како и член на Метролошкиот совет при Бирото за метрологија, каде активно придонесува кон развојот и унапредувањето на националната инфраструктура за квалитет.

Contact

info@inter-cert.net