Проф. д-р Ежени Брзовска

Ежени Брзовска е професор кој предава Маркетинг предмети на додипломски и постдипломски студии. Ежени Брзовска е родена на 20.05.1979 година во Скопје. Автор е на повеќе научни трудови публикувани во национални и меѓународни списанија и зборници, учествувала во национални и меѓународни научни проекти, конференции и конгреси од областа на маркетингот и има одржано пленарно предавање на научно стручен собир. Во 2018 година е избрана за вонреден професор и во рамките на наставно-образовната дејност на УКИМ/Економски факултет – Скопје, д-р Ежени Брзовска изведува настава и вежби на прв циклус студии по предметите: Управување со производот, Управување со каналите и Меѓународен маркетинг, на втор циклус студии по предметите: Политика на производ и Меѓународен маркетинг, на студиската програма Маркетинг. Дипломирала на Економскиот факултет – Скопје во 2002 година, каде била и наградена за најдобар студент на департмантот маркетинг. Докторската дисертација под наслов “Електронските медиуми на телекомуникацискиот пазар и трендот на појава на новите медиуми” ја одбранила на 12.11.2012 година на Економскиот факултет – Скопје со што се стекнала со академскиот степен – доктор на економски наУКИМ/Економски факултет – Скопје