Прескокни до содржината
Сите вести

Соработка · · 1 мин. читање

Finelevate360 и ФЕИТ потпишаа договор за соработка

Finelevate360 и Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) при УКИМ електронски потпишаа договор за соработка. Тие одржаа и работна средба со деканот, проф. д-р Владимир Атанасовски, на која ги испланираа идните заеднички активности.

На средбата, Виктор Крстевски, основач и извршен директор на Finelevate360, ја нагласи важноста на поврзувањето на академијата, индустријата и финансискиот сектор за развој на практично знаење, дигитални вештини и иновации.

Во рамките на соработката, Finelevate360 и ФЕИТ ќе работат на заеднички настани, стручни предавања, работилници, истражувачки активности, презентации и иницијативи што ги поврзуваат студентите со вистинските предизвици на индустријата.

Активностите ќе бидат насочени кон дигиталната трансформација, дигиталниот идентитет, услугите од доверба, податоците и интелигентните платформи, дигиталните канали, сајбер безбедноста, вештачката интелигенција, автоматизацијата и примената на модерни технологии во финансискиот сектор.

„Finelevate е создаден како платформа за забрзување на дигиталната трансформација преку знаење, соработка и навремено препознавање на промените. Соработката со ФЕИТ е особено важна затоа што го поврзува академското знаење со вистинските потреби на индустријата и создава простор студентите, професорите и компаниите заедно да работат на теми што ќе ја обликуваат иднината“, изјави Крстевски.

Со ова партнерство Finelevate360 продолжува да ја гради својата годишна програма на дијалог, истражување и соработка меѓу академијата, финансискиот сектор, технолошките компании и институциите.

Сподели

Ајде да разговараме за она што следи. Изберете го разговорот што сакате да го започнете.

Секое барање оди директно до нашиот тим, со веќе избрана тема.