← Back to Partners

CISCO Systems Macedonia

Сребрен
Cisco Systems, Inc. е светски лидер во областа на интернет мрежните технологии. Cisco дизајнира, произведува и продава мрежни решенија базирани на Internet Protocol (IP), како и други производи поврзани со индустријата на комуникации и информатичка технологија. Компанијата работи во бројни региони, со фокус на САД, Европа, Блискиот Исток, Африка, Азија-Пацифик, Јапонија и Кина. Составен дел од ДНК-та на компанијата е создавањето долгорочни партнерства со клиентите, преку заедничко идентификување на нивните потреби и обезбедување решенија кои го поттикнуваат нивниот успех. Cisco го задржува овој силен фокус кон решавање на деловните предизвици уште од 1984 година, кога компанијата е основана од мала група компјутерски научници од Универзитетот Стенфорд. Како компанија, Cisco функционира врз основните вредности на фокус кон клиентите и корпоративна општествена одговорност, преку глобална вклученост во образовни, општествени и филантропски иницијативи.

Contact

apetresk@cisco.com